Премиерот Зоран Заев отпатува Вашингтон каде ќе има билатерална средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, информираат од владиниот кабинет.

Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО“, информира владината прес-служба.

Средбата следува три дена откако во Македонија дојде американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, а претходно во државата беше и помошник-државниот секретар на САД Вес Мичел.