Во училиштата во главниот град на Финска, Хелсинки, укината е досегашната традиција на божиќни приказни поради учениците кои не се христијани.
Училишните власти соопштија дека менуваат некои од божиќните обичаи за да се прилагодат на новите околности, дополнувајќи дека во училиштата во Хелсинки учат се поголем број ученици кои не се од христијанска вероисповест.
Дел од училиштата веќе не ја изведуваат химната „Ангел од небото“, а исто така се откажаа и од претставите со јаслите на Исус Христос. Јаслите, голема кутија со сено, според христијанските верувања се приказ на раѓањето на Исус опишано во евангелијата по Матеј и Лука.
Статистиката покажува дека секој четврти Финец не припаѓа на ниту една регистрирана верска заедница.
Comments are closed for this post.