Градежната компанија на една зграда во Сиднеј, Австралија, која првите станари ги прими во август, даде објаснување зошто зградата морала да се испразни за Божик – крцкање и други чудни звуци слушале станарите.

Повеќе од 3.00 станари од луксузната 36-катна зграда забележале дека предметите почнале да се движат во понеделникот вечерта и се исплашиле дека зградата ќе падне. На сите им било наредено да си заминат, но вчера им било дозволено да земат потребни работи од дома, а потоа привремено да се преселат во простории понудени од градежната компанија, зашто Опал тауер е премногу небезбедна.

Компанијата соопштиле дека во наредните десет дна ќе испитува во што е проблемот.Во моментов се знае дека од необјаснети причини е настаната голема пукнатина во еден огромен бетонски столб, па заради тоа влегувањето во зградата е крајно небезбедно.

Инаку Опал тауер се смета за луксузно здание, а и становите се продавани како луксузни – еднособен стан чинел 340.000 евра, додека двособен фантастични 580.000 евра.

Некои од сопствениците на становите рекле дека планираат да го продадат станот, но прашањето е дали некој ќе се осмели да се пресели во небезбедната Опал тауер.