Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со новоизбраниот претседател на Здружението на новинари (ЗНМ) на Македонија Младен Чадиковски, се наведува во соопштението од МВР.
Министерот Спасовски му го честита изборот на Чадиковски и му посака успешна работа во текот на неговиот мандат.
Спасовски и Чадиковски се согласија дека соработката меѓу МВР и ЗНМ е одлична, пред се благодарејќи на редовната комуникација што е воспоставена од минатата година.
Соговорниците разговараа за начините како да се подобри соработката врз основа на Меморандумот за соработка, што беше потпишан во декември минатата година со цел да се обезбеди безбедно вршење на работата на медиумските работници.
Како што соопштуваат од МВР, договорено е во наредната година да продолжат заедничките проекти на МВР и ЗНМ, а во план е и реализација на нови проекти од оваа сфера.
Comments are closed for this post.