Власта во последен момент се премисли и ги повлекува измените на Кривичниот законик, дознава ПресингТВ од собраниски извори.
По бројните реакции во јавноста дека со измената на членот 353 од Кривичниот законик ќе се амнестираат и дел од обвинетите во случаите на СЈО, како што дознаваме стиггнала наредба до собраниските служби измените да бидат тргнати од дневен ред.
Седницата според најавите требаше да се одржи во 14 часот, но до овој момент таа се уште не е започната.
Мнозинството сакало да бара измена на ставот во членот 353 од Кривичниот законик со кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“.
Comments are closed for this post.