Можеби го сакаат, можеби не, повеќето го критикуваат и го спуштаат на најниски гранки, но.. на американскиот претседател Доналд Трамп во едно нешто сите мораат да му признаат – тој е шампион на Твитер.
Откако беше избран во ноември 2016, американскиот претседател испратил 5.500 твита за се и сешто што му паднало на ум, а секогаш интересен зашто е без влакно на јазикот. Напаѓа сојузници, фали противници, а еден од последните твитови може да влезе во историјата како многу сликовит за неговата психолошка состојба: „Јас сум сам (кутриот јас во Белата куќа“), а многу весници тоа го споредија со Божиќната комедија „Сам дома“.
На Твитер Трамп се караше со Пакистан, го направи лом Емануел Макрон, не и остана покусо ни на Ангела Меркел, но затоа го испофали Ким Јонг-ун и Владимир Путин.
Од друга страна, „Вашингтон пост“ пресметал дека Трамп за 700 дена владеење упатил 7.546 соопштенија кои или биле неточни, или биле лажни вести.
Comments are closed for this post.