Беса и Алијансата на Албанците најавуваат амандмани пред почетокот на финалното гласање за промена на Уставот. Вчера Беса најави дека ќе поднесе три амандмани, кои се однесуваат на државјанството и за дијаспората.
Од Беса сметаат дека со измените се фаворизира македонскиот народ, а сите други етнички заедници се ставени во втор план.
Од Алијансата за Албанците најавуваат измени на амандманот 34, каде што, според нив, се издвојува македонскиот народ од другите.
Беса и Алијансата имаат четворица пратеници и од нив зависи двотретинското мнозинство. Засега оттаму не се изјаснуваат што доколку не бидат прифатени нивните амандмани и дали и во тој случај ќе гласаат за промена на уставот.
Седницата за промена на Уставот започнува на 9 јануари
Comments are closed for this post.