Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Со новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 63 денари за литар.
Новата цена на дизелот, пак, од ноќеска на полноќ ќе биде 46,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,861 денари за килограм и новата цена изнесува 28,176 денари за килограм.
Comments are closed for this post.