Полицијата открила 38 возачи кои ноќеска управувале возило под дејство на алхохол, во рамки на зајакната акциска контрола спроведена на подрачјето на СВР Скопје во периодот од 00:00 до 05:00 часот.
Полициски службеници контролирале се вкупно 209 возачи, a кај 38 од нив утврдиле присуство на алкохол во крвта.
-По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки. Исклучени се 38 возачи од сообраќај, издадени се 38 мандатни платни налози и откриени се 23 останати прекршоци, информираат од МВР.
Comments are closed for this post.