Во Скопје претпладне ќе биде облачно и магливо, преку денот маглата краткотрајно  ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 2 степена.

За време на викендов времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневнитемператури.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата, а овој ветер ќе дува и во среда