Актерката, Сандра Булок оваа година наполни 54 години, а сега покажа како нема ниту една брчка на лицето.
Една од најомилените актерки на Холивуд, Сандра Булок се појави во Њујорк на премиерата на филмот „Bird Box“.
Сандра блескаше во црвениот романтичен фустан, но многумина забележаа дека нејзиното лице делува неприродно затегнато, бидејќи нема ниту една брчка.
Булок изјави дека е голем противник на естетските зафати и оти нејзиниот изглед е резултат на природата. Сепак, многумина не и веруваат и тврдат дека е опседната со филери.
Доколку го споредите нејзиното лице со фотографиите од 2005 година и денеска ќе видите дека пред 13 години имала брчки.
Comments are closed for this post.