Европската унија постигна договор за забрана за употреба на пластика за еднократна употреба, како што се пластични чинии, чаши или сламки.
Австриската министерка за одржливост и туризам, Елисабет Кестингер, напиша на Твитер дека е постигнат договор, истакнувајќи дека станува збор за „пресвртница во напорите да се намали пластичниот отпад“.
Deal! We reached a political agreement with @Europal_EN and @EU_Commission on single-use plastics #sup! A milestone in our efforts to reduce plastic litter! @EU2018AT
— Elisabeth Köstinger (@ElliKoestinger) December 19, 2018
Ein weiterer Erfolg im Kampf gegen die Plastikplage! Unter österreichischem Vorsitz haben wir uns auf EU-Ebene über Verbote und Reduktion von Einwegplastik-Artikeln geeinigt! #plastikfrei @EU2018AT https://t.co/uluwAHgRJa
— Elisabeth Köstinger (@ElliKoestinger) December 19, 2018
Рамковниот договор треба службено да го потврдат земјите членки на ЕУ и Парламентот на ЕУ, а како што се очекува, ќе стапи во сила за две години.
Европската комисија во мај предложи забрана на повеќе пластични производи за еднократна употреба за кои постојат алтернативи кои не се од пластика, вклучувајќи и еднократни пластични садови за храна.
Повеќе од 80 проценти од отпадот во морињата е пластика, предупреди ЕК.
Пластичниот отпад е голем проблем затоа што бавно се разградува и во морските животински видови како што се желките, китовите или птиците често се пронаоѓаат пластични отпадоци, но и во морските плодови со кои се хранат луѓето.
Comments are closed for this post.