Споменик на Јосип Броз Тито поставен е во Подгорица, поранешен Титоград, во очи на 19 декември, кога се одбележува Денот на ослободување на градот.
Споменикот е преместен од спомен собата во касарната во Маслина, така што не е излиен нов. Изработен е во бронза, со димензии на фигурата 201,5 x 96 x 104,5 цм, поставен на мермерен постамент, чии долен дел е со димензии 89 x 139 x 15 цм, а горниот со 65 x 115 x 75 цм.
Собранието на Главниот град на 30 октомври го усвои предлогот на градоначалникот Иван Вучковиќ во Подгорица да биде поставен споменик на претседателот на СФРЈ.
Вуковиќ тогаш рече дека иницијативата за поставување споменик на Тито не претставува југоносталгија, туку доказ дека Црна Гора останува верна на антифашистичката ориентација. На иницијативата остро се побуни поголемиот дел од опозицијата велејќи дека со ова се ставаат во втор план вистинските проблеми на главниот град на Црна Гора.
Потсетуваме дека главниот град на Црна Гора до 2 април 1992 година го носеше називот Титоград, по маршалот и синот на нашите народи и народности, Јосип Броз Тито.
Comments are closed for this post.