Натпреварот меѓу Оклахома сити тандер и Чикаго булс ја одбележа вечерта во НБА лигата, но не поради резултатот или неко спектакуларен кошаркаски потег, туку поради масовната тепачка во која учествуваа десетина кошаркари од двата тима, но и членови на обезбедувањето.
Инцидентот се случи на четири ипол минути до крајот на третата четвртина кога дојде до туркање меѓу Расел Вестбрук и Крис Дан. Многу брзо се вклучија Џерами Грант и Робин Лопез, по што ситуацијата ескалира и мораше да интервенира и обебзебдувањето.
We’ve got a scrum in Oklahoma City pic.twitter.com/YuOsGHYiJT
— Stephen Noh (@StephNoh) December 18, 2018
Кога страстите се смирија, Лопез беше исклучен од натпреварот, а Вестбрук, Грант и Дан добија технички грешки.
Овој инцидент, го засени трипл-дабл учинкот на Вестбрук кој со 13 поени, 16 скокови и 11 асистенции го предводеше својот тим до победа од 121-96.
Рерзултати од синоќешните натпревари
Оклахома сити – Чикаго 121-96
Детроит – Милвоки 104-107
Њујорк – Феникс 110-128
Хјустон – Јута 102-97
Минесота – Сакраменто 132-105
Сан Антонио – Филаделфија 123-96
Голден Стејт – Мемфис 110-93
ЛА Клиперс – Портланд 127-131
Comments are closed for this post.