Украинскиот претседател Петро Порошенко во 2018 година пријавил приходи од 198 милиони гривни (7 милиони долари), пишуваат „Украински новости“, повикувајќи се на податоци од Единствениот регистар на пријави на државните службеници.
Оваа сума ги надминува за 12 пати приходите пријавени од претседателот за претходната година, кои изнесуваа 16,3 милиони гривни, пишува весникот.
Според годишната листа на топ 100 најбогати Украинци, објавена од „Новое времја“, богатството на Порошенко се проценува на 1,1 милијарди долари, а како клучна се наведува корпорацијата „Рошен“. Украинскиот претседател на листата најбогати Украинци го зазема шестото место.
Стапувајќи на претседателската функција во мај 2014 година, Порошенко вети дека ќе се откаже од своите бизнис активности, со исклучок на телевизијата Канал 5, но подоцна се пожали дека „никој не сака да ги купи неговите бизниси“. Во февруари годинава, одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека неговите приходи за време на претседателскиот мандат се намалени и дека во неговиот „живот не тече мед и млеко“.
Comments are closed for this post.