Откако на власт дојдоа СДСМ и Зоран Заев, економијата во Макдонијамоди само надолу, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакна партискиот портпарол, Наум Стоилковски, нема гранка, сектор или дејност во македонското општество која не се чувствува излажано и втурнато во темница.
Според Стоилковски, власта на Зоран Заев севкупно ја погази македонската економија, со намера да го држи општеството во заложништво затоа што знае дека економски силна држава е достоинствена држава и нема да биде подложна на сите обмислени неправди, омаловажувања и национални понижувања што ги предизвикува оваа власт.
Пет процентниот раст на економијата е најголемата црна лага- нема инвестиции, нема нови работни места, нема реализација на капитални проекти, економијата не мрда. Земјоделството го уништија, останаа плодовите без пласман, а земјоделците без пари. Ја покачија акцизата за три денари, го поскапеа горивото, лебот поскапува, а во својата забеганост ќе речат дека поскапел само најевтиниот леб, и дека немаат намера да реагираат! Ете таков е односот на оваа однародена власт – изјави Стоилковски.
Како што додаде портпаролот, единствене нешто што власта прави во економијата е што ги крева даноците кои дополнително ќе го осиромашат народот и дополнително ќе ја втурнат државата во темнина и економско заложништво!
Помпезниот буџет за следната година нема да се полни со реализација на економија врз реализација на проекти, визија и структурни реформи. Напротив хунтата ќе го полни со земање на пари од граѓаните, со осиромашување на земјоделците, оние кои издаваат недвижнини, оние кои играат игри на среќа, договорци на дело, со зголемување на персоналниот данок. Удираат директно врз граѓаните, врз работниците, врз економски ранливите категории – истакна Стоилковски.
Comments are closed for this post.