Доколку сте љубители на картите и тарот тие можат да ви помогнат да откриете каква ќе ви биде 2019 година.

Еве што треба да направите:

Под перницата на новогодишната ноќ ставете четири „кецови“ и прво што ќе направите на први јануари е да ја брцнете раката и да изглечете еден „кец“.

Ако сте извлекле ПИК тоа значи дека ќе имате вечна љубов која ќе биде постара и од нас.

Ако вашата карта е ТРЕФ тоа значи дека веќе имате еден пропаднат брак.

Доколку во рацете држите ХЕРЦ вашата љубов е далеку помлада личност.

КАРО пак означува срода душа која ќе ја пронајдете меѓу своите блиски пријатели.