Најпознатите мафијаши на Балканот имаат и свои наследници. Тоа се нивните синови.
Тие се познати по своето арогантно однесување, кражбите, а неретко посегнуваат и по она што нивите татковци биле најпознати, а тоа е шверцот со дрога.
Еден од нив е Марко Шијан, синот на фолк пејачката Гоца Божиновска и Зоран Шијан, еден од водачите на сурчинскиот клан кој беше изрешетан во деведесеттите години.
Марко со нож повреди момче на Копаоник, а беше и протеран од Црна Гора. Со џипот удри во пешак но неговата мајка да го заштити тврдеше дека таа возела.
Ништо подолу не е ни синот на Аркан, Вељко Ражнатовиќ. Тој секаде се шета со обезбедување, често заради него затвораат дискотеки а најголема љубов му е боксот, слично како и на неговиот татко.
Comments are closed for this post.