Екипата на Вардар го совлада Татран Прешов со 23-21 (10-9) во меч од 12. коло од СЕХА лигата.
За „црвено-црните“ ова е 10. победа со која се зацврстија на првата позиција на табелата во регионалната лига.
Двата тима одиграа изедначен дуел, кој беше решен во последните десет минути.
Најефикасен во составот на Вардар беше Карачиќ со шест гола, додека Дисингер постигна три. Кај гостинот, Лапајне постигна шест гола.
По овој натпревар, Вардар се среќава со Стеауа во Романија во последниот меч во СЕХА лигата годинава.
Comments are closed for this post.