Француската полиција се уште е во потрага по мажот кој вчера изврши напад на Божиќниот пазар во центарот на Стразбур, а петмина се приведени во рамки на истрагата за инцидентот, изјави државниот секретар на француското Министерство за внатрешни работи, Лоран Нуњез.
Тој истакна дека напаѓачот би можел на побегне во соседна Германија.
Во вчерашниот напад загинаа три лица, а 13 се повредени, од кои осуммина потешко.
France – video of Strasbourg Xmas market shooting, 3 dead 12 injured #France #Strasbourg
pic.twitter.com/UvzILuiPzx— iixxii (@iixxii) December 12, 2018
Нуњез ги демантираше медиумските наводи дека во тек е полициска интервенција во познатата катедрала во Стразбур, но потенцира дека потрагата постојано го менува правецот.
Според него, напаѓачот е идентификуван како осомничен екстремист, кој издржувал затворска казна, но засега не е познат мотивот за нападот. Локалните медиуми пишуваат дека неговото име е Шериф К. по потекло од Стразбур и има 29 години. На полицијата и е познат по извршени прекршоци во Франција и Германија, поради кои издржувал затворски казни. Во 2011 година бил осуден на две години затвор, вклучувајќи и шест месеци строг затвор.
VIDEO: Police search a location near the Christmas market in the northeastern French city of #Strasbourg where two people were killed and 14 injured when a gunman opened fire, according to authorities pic.twitter.com/vBwEn44yCo
— AFP news agency (@AFP) December 12, 2018
Францускиот претседател Емануел Макрон во текот на ноќта имал состанок со кризната група , а на Твитер повикал на солидарност кон Стразбур, жртвите во нападот и нивните семејства.
Секторот на париското обвинителство за борба против тероризам покрена истрага за „убиство и обид за убиство во рамки на терористички акт” и „злосторничко терористичко здружување”.
Француската Влада го зголеми нивото на безбедност на „вонредно во случај на напад”, а околу 350 полицајци и два хеликоптера и понатаму се во потрага по осомничениот, кој долги години е радикализиран и двапати го кршел законот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
Comments are closed for this post.