Додека Струмица 11 години беше заборевена од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го интересираа само хидроцентралите, вистината е дека сите парцели во Сачево се продадени, сите активности се согласно планот.

Ова е реакцијата од СДСМ, п денешната излава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  дека зоната Сачево за која Заев пред многу години ветуваше изградба на 16 фабрики, денеска е празна.

Според СДСМ лицемерна и лажна е грижата на Мицкоски за тоа како живеат граѓаните на Струмица.

Мицкоски продолжува да шири лажни вести секаде каде што се појавува. Вистината за индустриската зона Сачево е сосема различна од она што го тврди пионот Мицкоски. Сите парцели од индустриската зона кај Сачево се продадени. Парцелите со вкупна површина од 396 илајди метри квадратни, ги купија 16, домашни и странски компании кои градат свои производствени погони, се додава во реакцијата од СДСМ.