Ќе плаќаат ли Скопјани повисока цена за паринг на паркиралиштата што се сопственост на Град Скопје. На денешната седница во Советот на градот советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ беше против предлогот за зголемување на цената на паркинг.
Советничката Светлана Колариќ во име на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата побара точка 15, предлог одлука за давања на согласност на одлуката за измена и дополнување на ценовникот на услугите коишто ги извршува Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје да биде тргната од дневниот ред.
-Причината која е? Сметам дека со новата одлука само паушално се прикажува на јавноста и на граѓаните дека се решаваат одредени проблеми. Јас за жал ќе спомнам нели дека секој проблем треба системски да се решава и да се гледа од повеќе аспекти. Од друга страна и градоначалникот Шилегов постојано го слушам дека на сите проблеми системски треба да се пристапува и да се прават анализи од повеќе аспекти, а притоа да се слушаат и надворешните експерти и јавноста какво мислење има за дадените прашања и проблеми. Ако го погледнеме членот 8 којшто укажува дека се зголемува месечната претплата за вработени во ЈЗУ „8-ми септември“ и исто така за вработените во комплекс клиники „Мајка Тереза„ во суштина само можам да кажам дека во овој дел би ги спомнала техничкиот персонал што работи на клиниките односно медицинските сестри, техничари, фармацевти, лаборанти на којшто многу минимално им ја покачивте платата, а сега сакате преку паркингот парите да си ги вратите назад во буџетот, вели Колариќ.
Comments are closed for this post.