Австриецот Клеменс Која од денеска стапи на функцијата шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија. Која, кој е назначен од италијанското претседателство со ОБСЕ, на функцијата ја наследува, Нина Суомалаинен, која што го заврши својот мандат како шеф на Мисијата во април.

Задоволство ми е што ја преземам оваа важна позиција среде тековниот реформски процес во земјата во многу клучни области, како владеењето на правото, медиумите, јавната администрација и полицијата – изјави Која.

Која има над 29-годишно професионално искуство во службата за надворешни работи. Претходно, служел како постојан претставник на Австрија во ОБСЕ во Виена, бил австриски амбасадор во Белград и во Љубљана, бил заменик шеф на австриската амбасада во Мадрид и директор на Одделот за Јужна Европа на австриското Министерство за надворешни работи.

Студирал право на универзитетите во Салзбург и Виена и е магистер по католичка теологија.