Притвор од 30 дена му е одреден на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.
Тој се товари за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за „27. април“ од дел обвинети беше директно посочуван како главен организатор на насилниот упад во Собранието минатата година.
Tој беше приведен синоќа откако неколку од обвинетите за 27 април го посочија како еден од организаторите на упадот и насилството во Собранието
На функцијата директор на УБК дојде на први септември 2016 година и остана до 16 јуни 2017 година на местото на Сашо Мијаклов.
Comments are closed for this post.