Сведочењата на дел од обвинетите за настаните од 27 април го откриваат монструозниот план, што требало да се спроведе на брутален и крвав начин, за да се спречи промената на власта, откако граѓаните го поразија режимот, изјави пратеникот и портпарол на владејачкиот СДСМ, Костадин Костадинов.
Според него, признанијата на лица кои биле дел од овој план, докажуваат дека настаните од 27 април не биле воопшто случајни. Напротив, станува збор за осмислен план за убиство на политичари, линч на новинари, пратеници, загрозување на општата безбедност и уривање на државниот поредок.
Неколку лица, директни учесници во таквиот план, вчера во транспарентна судска постапка кажаа дека нарачател, оргнизатор и помагач во овој монструозен план биле структури под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски сместени во највисоката безбедносна агенција-УБК, како и Кабинетот на Ѓорге Иванов, рече Костадинов.
Тој додаде дека за сето тоа време, како што рече, пионот Христијан Мицкоски е десна рака на Груевски, а на 27 април стоел пред вратите на Собранието. Поради тоа Мицкоски барал целосна амнестија за сите инволвирани во настаните од 27 април.
Последните искази на обвинетите докажуваат зошто не смее да има амнестија за нарачателите и извршителите на насилството на 27 април. Ова е уште една потврда дека треба да се направи разлика помеѓу оние кои организирале, нарачале и извршиле насилство и оние кои не извршиле насилство и биле заведени, потенцираше Костадинов.
Comments are closed for this post.