Врховниот суд, Влада и судскиот совет што поскоро да изнајдат системско решение околу платите на судиите, но и платите на судската служба, смета претседателот на Здружението на судии на Република Македонија Џемали Саити, по најавите за делумен бојкот на работата, но и штрајк од страна на синдикатот на УПОЗ.
Од УПОЗ вчера порачаа дека владата има рок до 10 декември да ги исплати 40-те отсто од двете плати на судските службеници – кои 60 дена протестираа во 2016 година. Синдикатот бара и платите наместо во септеври, да се зголемат од јануари.
Сепак, засега не е одреден датумот за почетокот на евентуалниот штрајк.
Во однос на одлуката на Судскиот совет за доделување на додаток од 35 отсто за месец ноември на судиите, од Советот велат дека не постои законска основа, вакви пари да добијат и службениците.
Засега додатокот на плата е регулиран само за судиите, обвинителите и службениците во обвинителството.
Претседателот на Советот, Зоран Караџовски вели дека ова тело само дава одлука дека во судскиот буџет има пари за додаток. Но, за тоа дали парите ќе бидат исплатени одлучуваат претседателите на судовите, бидејќи тие се работодавачи, а не Советот.
Comments are closed for this post.