На европските избори в година во мај во Франција се очекува шокантен резултат, ги објавува Политико резултатите од анкетата. Според нив Националниот фронт на Марин ле Пен ќе победи, а втор ќе биде Републиканскиот фронт на претседателот Емануел Макрон.
Резултатите покажуваат дека Ле Пен ќе освои 20 седишта (20,75 проценти), Републиканскиот фронт 18 седишта (19,4).
Во Италија исто така се очекува победа на крајната десница и тоа Лигата на Матео Салвини да освои 28 седишта, а Движењето пет ѕвезди 24.
Лоши вести и за германските коалициски партнери. ЦДУ на Ангела Меркел и сестринската баварска ЦСУ ќе останат прва партија, но со помалку седишта во Европскиот парламент – 21 седиште, а втора сила се очекува да бидат Зелените, а трета ултрадесничарската Алтернатива за Германија.
Што се однесува до Грција, таму ќе има промена, односно опозициската Нова демократија се очекува убедлиба победа пред Сириза од цели 11 проценти. Преведно во седишта тоа значи 10 за НД, шест за Сириза, а и овој пат неонацистичката Златна зора се очекува да обезбеди две седишта во Брисел.
Comments are closed for this post.