Собранието ј почна сеницата за уставните амандмани.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на почетокот побара точката да се повлече од дневниот ред бидејќи предлогот, според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски е противуставен, а референдумот беше неуспешен. Предлогот на опозициската партија со 61 глас против не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство.
Истовремено со одржувањето на денешната седница, пред Собранието се најавени протести, а околу законодавниот дом е заблежливо зголемено полициско присуство.
Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас. Сепак, очекувањата според, претседателот на Собранието се дека седницата ќе заврши многу побргу.
Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.
Со вториот се интервенира во Преамбулата на Уставот па зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додаваОхридскиот рамковен договор.
Третиот амандман наведува дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, а четвртиот се однесува на иселениците и во него се предвидува дека “Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
Втората фаза од уставните измени би требало да заврши до 18 декември, а целата постапка до средината на јануари.
По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието предлагачот на уставните измени односно Владата треба да организира јавна расправа од три дена, по што има два дена да подготви извештај и петтиот ден да го достави до Собранието. Џафери потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на амандамните, за што повторно, како во првата фаза, е потребно двотретинско мнозинство. Со ова се финализира постапката за уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.
На 19 октомври Собранието со поддршка од 80 гласови и 39 против, ја започна постапката за пристапување кон уставни измени. Двотретинското мнозинство беше обезбедено со осумте гласови на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив се обвинети во случаи на СЈО и за настаните од 27 април.
Comments are closed for this post.