Возилото на Итната медицинска помош кое беше повикано бидејќи му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ, пред малку замина од судот. На Пепиќ му се слоши на судењето за случајот „Титаник“, кое беше прекинато и продолжува на 5 декември
Откако му бил извршен лекарски преглед, лекарите утврдиле дека Пепиќ може да го следи судењето за 27 април, па тој се префрли во другата судница.
Со изведување на доказите од листата на докази на обвинетиот Абдуљфета Алими почна денешното рочиште во Кривичниот суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Во судот се гледа ЦД со видео на кое можат да се забележат лица како се движат во холот пред сала 3 во Совранието. Се гледа Алими како му помага на надредениот Александар Јанковиќ и застанува пред него со цел да го заштити. Откако Јанковиќ падна од удар до него веднаш доаѓа Алими да му помогне и заедно со други припадници на собраниското обезбедување се обидуваат да ја смират ситуацијата.
Бранителот Дончо Наков истакна дека Алими нема да изнесува своја одбрана.
Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.
За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Comments are closed for this post.