Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој е во притвор и обвинет во неколку случаи на СЈО, објави статус на својот Фејсбук профил, каде што реагира дека „судот не смее да биде инструмент за одмазда“ и бара да го донесат Груевски во земјава за да одговара за бегството во Унгарија:
„Политички линч, наместо правда!
Апелациониот суд е должен да одговори:
1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?
2. Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?
3. Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?
4. Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?
5. Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, пишува на Фејсбук Сања Јанакиески.
Comments are closed for this post.