ВМРО-ДПМНЕ вечера го одржа првиот протестен марш.Собирот почна од пред седиштето на партијата а заврши пред Владата. Се собраа неколку илајди граѓани а беше испратена јасна порака дека владата не мисли на народот туку само за своите партиски активисти.
Лидерот Христојан Мицкоски нагласи дека оваа влада ветуваше живот а донесе црнила.То вели дека не може да вети чуда како на пример 500 километри автопат бидејќи тоа е невозможно или пак дека однедаш ќе донесе чист воздух, но оти може да вети работа.
Од денеска почнуваме до крај, а крајот ќе биде кога ќе падне Зоран Заев и нема назад. И нема назад додека не падне и затоа едно големо “УА“ за Зоран Заев! И еден голем поздрав до овие луѓе кои што се наши браќа и сестри, припадниците на МВР, голем братски поздрав. Тие ја чуваат Македонија од тој натрапник внатре што не гледа некаде скриен. Гледа и има што да види. Ви благодарам денеска што сте овде со нас, Ви благодарам што се одзвавте на повикот на ВМРО-ДПМНЕ, Ви благодарам на сите до еден, вас најхрабрите, ви благодарам од срце што сте денеска со нас, но им благодарам и на оние што се денеска дома што не следат и со срцата се со нас, сите овие кои што ги трпат притисоците на оваа криминална и ненародна Влада предводена од аболираниот политичар. Знам дека се со нас и знам дека го поддржуваат секој наш чекор, секоја наша политика. Сето она кое што преостанало од нашата татковина, а кое што ние сакаме да го спасиме. Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го започна својот говор на денесшниот протестен марш.
-Денеска почнуваме, одиме и ширум Македонија преку викенд, одиме во општинските комитети и одиме секоја среда овдека пред платото на Владата Република Македонија. Зошто, затоа што овдека треба да го изразиме нашиот револт, а нашиот револт ќе биде изразен поинаку, нема да биде како тие што правеа бидејќи ние ова го градевме, нашиот револт е демократски, граѓански со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината. Нема да фарбаме, нема да кршиме. Ја гледам оградата се уште стои, а од пред две години велеа дека ќе ја тргнат. Што е, се плашите ли од народот? Среќавам многу луѓе, наши сограѓани, сопартијци, среќавам браќа и сестри кои што ме критикуваа и велат каде сте ве нема, зошто не излеговте? Еве излеговме. Излеговме и за националното понижување и за националното омаловажување, но излеговме и за сите економски порази, затоа што сме понесреќни, затоа што Македонија ни е посиромашна, затоа што Македонија ни е обвиткана со црнила и темнина. А ние Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците ќе се обединиме. Сите заедно рамо до рамо да ја урнеме оваа неспособна и криминална власт предводена од овој аболиран политичар Зоран Заев. Зошто ни е нас времето? Времето важно за да можеме поорганизирани, посплотени да се собереме овдека на ова плато, да можеме што помасовно да го изразиме нашиот револт. Без автобуси без да можеме да ги тераме со сила нашите сограѓани како што тоа го правеше Зоран Заев за еден друг проект. Да дојдат слободно и граѓански, демократски да го изразат својот револт против сите овие црнила, економски, политички, национални омаловажувања што ни се случија овие година и половина. Година и половина ја уништуваат Македонија, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека власта ветуваше раст на БДП од 5% и “живот“, а донесе пекол и темнина кај секој еден граѓанин во Република Македонија.
Протестите на опозицијата ќе продолжат во следниот период како во Скопје така и во цела Македонија.
Comments are closed for this post.