Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој вчера немаше коментар за средбата со Зоран Заев, Вице Заев и Никола Тодоров, денеска по изјавата на премиерот, ја потврди.
Јанчев вчера на прашањето од Пресинг Тв: „Дали во сабота вечер се сретнавте со премиерот Зоран Заев, неговиот брат Вице Заев и поранешниот министер Тодоров и за што разговаравте?“, ни одговори :
„Немам коментар.“
Денеска по потврдата за средбата од страна на премиерот Заев, повторно го контактиравме.
„Да точно е дека се сретнавме. Ние сакаме да и помогнеме на Македонија и на граѓаните, за да може државата да се движи во прав правец и манипулациите од политичките партии да бидат со помало влијание“, ни одговори Јанчев.
Го прашавме и зошто вчера не ни ја потврди информацијата.
„Вчера ме начекавте така, бев со луѓе“, рече Јанчев.
Comments are closed for this post.