На езерото „Младост“ во близина на Велес ќе се одржи петтото издание на традиционалниот „Велешки пливачки маратон“.
Организатор е Општина Велес под покровителство на Пливачката федерација на Македонија со ЗГ „Клуб 28“ и Кајак Клубот „Бабуна“ од Велес.
Според најавената програма во 10 часот е рекреативниот пливачки маратон. Во 12 часот стартува маратонот на 2,5 и пет километри во женска и машка конкуренција кој е последен маратон од годинашниот Македонски куп во далечинско пливање.
Пливачкиот маратон ќе биде обезбеден од 20 спасители на вода од Општинскиот Црвен крст и 30 кајакари од велешките кајакарски клубови.
Организаторите за догодина најавија и учесници од странство
Comments are closed for this post.