Премиерот Зоран Заев уверува дека нема намера да се кандидира за претседател на Македонија на претстојните избори. Тој смета дека има и подобри кандидати од него и дека треба да го истера мандатот до крај и оти не сака да бега од одговорноста.
Одговорноста пред граѓаните и моите ставови е дека треба да се истера цел мандат, да се даде шанса на економијата, да се даде шанса на реформите, на целиот овој процес, конечно Македонија заслужува еден цел мандат
Пресинг Тв веќе пишуваше дека партиите се подготвуваат за претседателските избори кои требада се случат во март или април следната година.
СДСМ и ДУИ најверојатно ќе одат со консензуален кандидат, а во игра се Теута Арифи и Денко Малевски, додека во игра кај опозицијата се Трајко Славески, Гордана Силјановска и Никола Попоски
Comments are closed for this post.