Група од 145 китови пилоти се насукаа на брегот на островот Стјуарт на Нов Зеланд и сите угинаа, јави Би-Би-Си.
Властите информираа дека половина од делфините умреле во текот на ноќта меѓу сабота и недела, додека останатите ги успале, бидејќи било невозможно да бидат спасени.
Се насукале на најоддалечената локација. Веќе угинуваа, а нам ни недостасуваат вработени. Најдобро што можевме да сториме за нив беше евтаназија. Но тое е секогаш, ама секогаш, многу тешка одлука, изјави Рон Лепенс од локалниот Оддел за конзервација, чија функција е зачувување на историското и природно наследство на Нов Зеланд.
Во извештајот на Одделот за конзервација се наведува дека на Нов Зеланд често се насукуваат делфини и китови, во просек 85 пати годишно. Сепак, најчесто станува збор за еден припадник на видот, а не за цело јато.
Almost 150 whales strand and die on New Zealand beach https://t.co/LRTSb7KCrn
— BBC News (UK) (@BBCNews) November 26, 2018
Китовите и делфините се насукуваат поради болест, потешкотии при навигација, морски струи или поради тоа што ги прогонуваат грабливци.
Comments are closed for this post.