Денеска одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски пред Апелација ќе образложува зошто треба да им се укине притворот. Тие се во притвор десет дена, на барање на Специјалното јавно обвинителство, кое се сомнева дека планирале бегство. СЈО се повикува на службена белешка од УБК.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека Апелациониот суд мора да ги земе предвид фактите на одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиноски, и да донесе решение во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како Строго Доверливо.
Според партијата, судот има одговорност со која не само што ќе се дозволи Јанакиески и Божиновски да се бранат од слобода, онака како што и до сега го правеа, почитувајќи ги мерките за претпазливост кои што беа определени од судот, туку и ќе се внесе трошка светло во црниот правосудство и правосуден систем за политички прогон
Comments are closed for this post.