Британската премиерка, Тереза Меј, преку отворено писмо им се обрати на Британците и побара поддршка за договорот за брегзит кој треба да биде потврден.
Агенцијата „Ројтерс“ навдедува дека Меј побарала поддршка од британската јавност, иако сé уште не е сосема сигурно дека за договорот за брегзит има поддршка од нејзината партија.
Меј во писмото вели дека ќе ја води кампањата со срце и со душа, со цел договорот за излез на Британија од Европска унија да биде прифатен од парламентот во Лондон, иако, според „Ројтерс“, постои силно противење дури и надвор од партијата на Меј.
„Тоа ќе биде договор кој е во наш национален интерес, договор за целата наша држава и целиот наш народ, без разлика дали гласавте за останување или заминување (од ЕУ)“, порачува британската премиерка во своето писмо.
Таа моментно е во Брисел поради новиот самит на ЕУ, а се очекува денеска да го обезбеди договорот за брегзит.
Comments are closed for this post.