ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот, објави вицепремиерот Николоски.

📈 Македонија нуди најдобри и најконкурентни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото.

✅ Даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот со што ја прави Македонија атрактивна за инвестирање

Овој состав на Владата максимално посветено работи на привлекување нови странски инвестиции кои ќе отворат многу нови високоплатени работни места.