Во Бугарија се забранува поседување и продажба на домашна ракија. Доколку законот биде усвоен, секое домаќинство ќе може да произведе до 30 литри ракија без да плати акциза, но произведениот алкохол ќе мора да остане на приватниот имот. Неговото поседување, нудење и продажба ќе бидат забранети во простории поврзани со вршење економска дејност, како ресторани, хотели, пансиони, автосервиси и магацини. На лични имоти и подруми ракијата не се забранува
Измените предизвикаа негодување кај дел од опозицијата. Претседателот на „Продолжуваме со промената“, Асен Василев, предупреди дека според ваквата формулација, дедо кој ќе донесе домашна ракија на свадба на внукот во ресторан би можел да го прекрши законот.







Comments are closed for this post.