Прес-конференциите на Богданка Кузеска сè повеќе личат на обид за политички притисок врз медиумите што не ги повторуваат партиските соопштенија на СДСМ. Ден по поразот кој, од само за нив разбирливи причини, го слават, кога целото членство плука по нив, бара оставки, шлепер партијата СДСМ се занимава со медиумите. Држи прес-конференции на кои демек „удира“ по „Република“, давајќи и некакви квалификации… Ние немаме потреба тоа да го правиме, нивноточленство и поранешно раководство веќе го направи тоа. Ние само ќе се служиме со изразите кои незадоволните од раководството на „шлепер партијата“ сочно ги користат. Наместо да се преиспитаат што им се случува внатре во партијата, што упорно губат, портпаролката на партијата се обидува да создаде афера и да фрли сомнеж врз работата на „Република“. Онаа „губиш ко Грчка“ доби нова форма – „губиш ко СДСМ“.
Да ѝ појасниме на Кузеска: новинарството не функционира според диктатот на „Бихаќка“, ниту редакциите се должни да чекаат СДСМ да им одобри што смеат, а што не смеат да објават.
Иако не сме должни никому, најмалку на Кузеска, да и објаснуваме од каде ни се информациите и зошто сме ги објавиле и кога сме ги објавиле (патем ги објавивме по завршување на гласањето), еве ќе и шепнеме. Информациите за резултатите од гласањето на болните и изнемоштените лица во Брвеница ги добивме од луѓе блиски до кловнското раководството на шлеперската СДСМ. Тоа е изворот на нашите информации.

Ако СДСМ има сомнежи за регуларноста на изборниот процес, на располагање му стојат институциите. Нека поднесе пријава, нека ги достави доказите и нека побара проверка. Но, обвинувањата за криминал не можат да се темелат само на фактот дека на некоја партија не ѝ се допаѓа што одредени информации стигнале до медиумите.
Особено е симптоматично што шлеперската СДСМ, партија која со години се повикува на транспарентност и професионално новинарство, сега се обидува да ја дискредитира „Република“ затоа што објавила информации што не ѝ одговараат на нејзината политичка агенда. А во едно признава дека се точни. Ова во замена на Вистиномер – некако им фали тортурата што ја вршеа врз медиумите во нивно време.
Кузеска зборува за „истите методи од Груевски“, за „организирана криминална група“ и за наводен изборен грабеж. Секако доказите што ги поткрепуваат овие тешки квалификации ги нема, нема утврдената поврзаност меѓу објавените бројки и наводно незаконско постапување. Очигледно не се изгубени само во математиката, па затоа чувствуваме потреба да им кажеме дека политичките квалификации не се исто што и докази. А „Република“, веројатно како и секој друг медиум, нема да прифати да бидат ставен на обвинителна клупа само затоа што објавува информации што предизвикуваат нервоза во партиските штабови.
„Република“ ќе продолжи да ги објавува информациите од јавен интерес, да ги проверува изворите и да поставува прашања што се важни за јавноста. Одговорноста за изборниот процес ја утврдуваат надлежните институции, а не партиските портпароли преку прес-конференции.
Затоа, наместо да испраќа политички пораки и да дели квалификации, Кузеска нека одговори на едно едноставно прашање: ако СДСМ располага со сомнежи и информации за евентуални неправилности, зошто фокусот е на напад врз медиумот, наместо на доставување конкретни докази до институциите?
„Република“ нема да бара дозвола од СДСМ за да работи. Ниту ќе молчи кога на партиските функционери ќе им засмета некоја објавена информација.
Редакција Република







Comments are closed for this post.