Денес испраќаме силна порака за иднината на македонската економија! Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов голем инвестициски проект во Битола, со производство на автомобилски компоненти за германскиот гигант „Ауди“. Ова е уште една потврда за довербата на странските инвеститори во Македонија, во нашата квалификувана работна сила и во потенцијалот на домашната индустрија. Нашата цел е јасна повеќе инвестиции, повеќе работни места, посилен извоз и подобар животен стандард за граѓаните, објави премиерот Мицкоски.

✅️

2.000 нови работни места планирани во следните четири години.

✅️

10.000 вработени вкупно во компанијата во Македонија, по реализацијата на проектот.

✅️

Над 3.000 автомобилски снопови дневно планиран производствен капацитет за нов модел на „Ауди“.

✅️

Над 400 милиони евра извоз се очекуваат следната година од производните капацитети на компанијата во Македонија.

✅️

Над 80% повисоки просечни плати за висококвалификуваниот кадар во однос на просекот во Македонија, според изнесените податоци.

Ова е разликата меѓу зборовите и делата! Додека дел од политичките сили се занимаваат со секојдневни пресметки, нашиот приоритет остануваат инвестициите, економскиот развој и отворањето добро платени работни места. Македонија мора да продолжи да се гради со работа, одговорност и конкретни резултати. Тоа го очекуваат граѓаните и по тој пат продолжуваме