Иако станува збор за латентна опасност, бидејќи самата природа на дејствување на тие ќелии е да делуваат затскриено, таа исто така е и акутна. Односно, во нивното дејствување практично, тие ќелии што се организираат и нивните идеи, е токму да дејствуваат изненадно, разорно и да нанесат што повеќе штета на целта каде дејствуваат, истакна безбедносниот експерт, Милан Стефаноски, за фаќањето на новата терористичка келија во Македонија.
-Во таа смисла, таа опасност никогаш не завршила со тоа што ИСИС како армија се распадна, туку ја сменија својата стратегија, односно дејствувањето и опасноста останува без разлика дали раководат со територии или келии, окупирајќи ја Ал Каеда, во односот на формирање на келии дури и поопасни се бидејќи таму секогаш има луѓе кои се извршители, логистика, малку повоена формација, додека ИСИС делува преку затворени платформи, сега најново онлајн индоктринација, рече тој.
Стефаноски посочи дека таа идеолошка матрица се префрла на социјалните мрежи и оцени дека можат да делуваат и поединечно.
-Она што е загрижувачки е што во оваа операција се прибавени преку материјалните докази и вооружувања кои можат да нанесат штета и на далечина. Ме загрижи тоа што имаа снајперски орудија кои можат да дејствуваат на далечина или да елиминираат личности од повисок ранг, од повисок профил, рече тој.







Comments are closed for this post.