Прашањето за земјоделството сè повеќе се гледа не само како сектор за производство на храна, туку и како дел од поширок процес на економско усогласување со Европската Унија, особено во рамките на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и зелените политики кои поттикнуваат одржливо, профитабилно и пазарно ориентирано производство.

Низ таква призма треба да се гледа потенцијалот на одгледувањето аспарагус или шпаргла култура која е високо ценета во земјите-членки на ЕУ, добро позиционирана на пазарот и препознаена како профитабилна долгорочна инвестиција за мали и средни фарми.

Што е шпаргла

Шпаргла (аспарагус) – здрава и лековита билка

Шпарглата има мала хранлива вредност. Во 100 грама шпаргла има околу 20 калории. Од хранливи материи, шпарглата содржи: 13,78 g протеини, 17 g јагленохидрати, минерални соли: калциум, фосфор, железо, калиум, магнезиум, витамини: А, Б1, Б2, ПП, Ц, Д и стероидни гликозиди, кои имаат антивоспалително дејство. Богата е со фолна киселина и со аспарагин.

Шпарглата го снабдува организмот со магнезиум, бакар, фолна киселина и со витамин Е, со што го јакне срцето и крвните садови. Го помага нормалното празнење на цревата и ги намалува тегобите, како што се надуеност на стомакот, присуство на гасови и друго.

Шпарглата содржи хром, микроелемент, кој го намалува чувството на глад.