Американската тенисерка од српско потекло Ива Јовиќ продолжува да го воодушевува тенискиот свет!
Младата 18-годишна ѕвезда се квалификуваше за третото коло на Отвореното првенство на САД, откако ја победи Британката Франческа Џонс во два сета – 6:4, 6:4.
И тоа не е сè! Со овој триумф, Јовиќ го постигна најдобриот резултат во својата кариера досега на последниот Гренд слем од сезоната. Во претходните два настапи во Њујорк, таа беше запрена веќе во второто коло, но сега конечно успеа да ја пробие таа бариера!







Comments are closed for this post.