Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Денеска најкорисрен е преминот Прохор Пчињски.

Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците каде постои можност од одрони.

Од 17 август до 1 октомври 2026 година е изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод, поради санација на косината на автопатот А4, на делницата Миладиновци–Свети Николе–Штип.