На самиот „Етихад“, како дел од новата северна трибина, отворен е хотел каде што луксузните апартмани гледаат директно кон теренот на Сити!

Ноќевањето во стандардни соби се движи од околу 130 до 200 евра, додека на денот на натпреварот цените на ВИП апартманите „до теренот“ со ваков поглед достигнуваат и до неколку илјади евра!

Замислете да се разбудите, да ги кренете ролетните и да го гледате Халанд и тимот како играат, директно од вашиот балкон.