Цеца Ражнатовиќ откри што би му рекла на Аркан да може повторно да го срете.Пејачкатаемотивно зборуваше за периодот по неговата смрт, особено за празнината што ја остави неговата смрт во нивниот семеен дом и животите на нивните деца.
- Би му кажала дека останала голема празнина. Особено во детската соба, празнина што ништо не може да ја пополни. Никој и ништо не може да ги замени родителите. Би му кажала дека успеав, иако на 26 години останав сама со две мали деца. Едното имаше три години, едното година и пол. Би му кажала дека успеав да ги одгледам и да ги водам по вистинскиот пат и дека сум многу горда на нив. Би му кажала дека сум уште посилна и независна, без оглед на болниот пат низ кој минував, успевајќи или не успевајќи. Но, не се распаднав ниту за момент. Би му кажала да не се грижи и дека не сме го заборавиле. Тоа е она што би му го кажала – рече Цеца.







Comments are closed for this post.