Во речникот на македонски јазик кога ќе го побарате зборот талог пишува дека талог е густ слој што останува или се издвојува од течноста и се наталожува на дното или по ѕидовите. Убава дефиниција. Како пресликана за негкои ликови во македонската политика. Има еден таков што целиот живот е во политиката, а никој не се сеќава на нешто што го има направено за граѓаните. Беше дури и градоначалник за кого на избори неговите сопартијци ги заглавувале лифтовите во Центар за постарите граѓани да не можат да слезат на гласање.

Беше и амбасадор на жими мајка, глумеше дипломат а никој не го испрати на мисија, ниту претседател на држава ниту Собрание. А да беше и член на Управен одбор на болница,, само што болницата ја немаше. Е тој исттиот сега вели дека власта ќе го прифатела францускиот предлог. Оној предлог што неговата партија го договори. Во СДСМ навистина се печени за хипрерлорирање на талогот. Друго чаре нема. Или пак да ги пратиме на бајачка. Медицината на Бихаќка веќе е немоќна. Потребна е вистинска дијагноза. Кој ќе го погоди лекот,коментира авторот на ТВ Колумната „ 5 минути со Чавез“.