Бугарскиот лекар и активист Валентин Јанев, не бил пуштен да влезе во Србија, каде што требало да учествува на еколошка тркалезна маса во Босилеград. Тој се противи на експлоатацијата во рудникот „Караманица“ бидејќи претставувало ризик и за бугарските погранични области поради опасност од прекугранично загадување, јавува БГНЕС.
Бил задржан околу еден час на српската граница, по што му бил одбиен влезот во земјата како закан за националната безбедност.
Тој требало да учествува на еколошка тркалезна маса во Босилеград посветена на ризиците од рударството и прекуграничното загадување. Како лекар, Јанев подготвил и материјали за можните последици од рударската дејност врз здравјето на населението.
Според него, евентуалното обновување на рударската дејност може да претставува ризик не само за животната средина и населението во Босилеградско, туку и за земјоделството во Ќустендилскиот регион.
„Тој нема да биде таа овошна градина ако овие рудници исфрлаат отпад и руда и ги истураат во Бугарија“, предупреди Јанев.







Comments are closed for this post.