Кој вели дека во Македонија не постои братство и единство. Постои и тоа како. Последниот пример за братство и единство е бизнисменот Борче Марковски, обвинет за злоупотреби во РЕК Битола преку неговата фирма „Марковски компани“ вредни 1,7 милиони евра. Ситница, коментира авторот на ТВ Колумната “5 минути со Чавез“.

Тендерот бил толку конкурентен што имало само еден понудувач. Победникот бил познат уште пред да се отвори пликот.На Марковски му беше одземен и пасошот како гаранција дека судењето нема да го дочека негде по белиот свет. „Кај нас очигледно најсилната гаранција не е кауција, туку чесен збор. Ако така функционира правосудството, следниот пат место пасош ќе земаат изјава заверена кај нотар: со текст „Жими мајка ќе се вратам’.”

Струшкиот судија Вулнет Винца му го вратил пасошот oткако Борче му ветил дека ќе се врати, само да заврши некоја работа во Белград. Србите викаат обечање лудом радовање. Белорускиот конзул и кажа досвидание на Македонија баш на денот кога судијата што му го врати пасошот си замина во пензија. Тоа е, случајност. Вулнет морал да оди на бања баш на денот кога му ја врати патната исправа на бизнисменот. Овие двајца се Боро и Разис во македонското судсто и обвинителство. Ама не се само Борче и Вулнет нашите Боро и Рамиз.

Некако ги заборавивме Артан Груби и обинителот Даниел Коцев кој побара и доби куќен притвор за некогашната прва виолина на ДУИ. Првата виолина тамам се наштима дома и никој не му го расипува концертот.Очигледно куќниот притвор кај нас е VIP салон на правосудството. „Пет ѕвезди. Room service и обвинител по потреба.” На Артан му се заарни дома неколку месеци, ама лабави се и во Обвинителството и уште не го повикале да даде исказ за она што е обвинет а тоа е злоупотребите во Државна лотарија заедно со другар му Прпарим кој господ знае каде е. Ама па Артим е човек од збор, вети дека ќе се врати и се врати. Го чекаме и Борче, Белорусија ене кај е.

Откако ја изгуби власта, лидерот на ДУИ Али Ахмети дерман си нема. Вели дека до него стигнал абер дека се спрема обвинение против УЧК во Хашкиот суд. Наместо во Крушево, Зајас абер пристигна . Зар за Али миротворецот да има обвинение. А што мислеше. Во Хаг се веќе неговите соборци од Косово Рамуш Харадинај и Хашим Тачи. „По неговите изјави човек би помислил дека веќе се подготвува за пат. Али не секирај, без тебе Македонија ќе стане досадно место за живеење, а во Хаг е журката.

Овие од Влен кога ќе пораснат сакаат да бидат како ДУИ. Изгорени се да бидат како оние од Мала Речица. Еве првата реформа која ја направи новиот министер за правда е што интернет страницата на министерството ја направи двојазична. Ете тоа е реформа. После два посто доверба во судството-епа два посто. Како ДУИ сака да биде и претседателот на Собранието Африм Гаши. Тој 2 август го прослави во Египет наместо на Мечкин Камен. „Мечкин Камен можел да почека. Пирамидите не.. Некаква конференција во Африка му била поважна од Илинден. И лани се разболе кога требаше да оди во Прохор Пчињски и на Пелинце. Некоја чудна болест е ова, напаѓа две педи под срце, за Македонија.

=